Гасификацијата на Скопје ќе чини повеќе од 100 милиони евра

Bez autora
Nov 18 2013

Гасификацијата на скопскиот регион, кој вклучува 17 општини, ќе чини околу 100 милиони евра, а првите мрежи може да почнат да се прават на крајот на идната година. Приклучоци на „синиот енергент“ може да се добијат во 2015 година, а целиот регион комплетно може да се гасифицира за четири години. Притоа, заштедите кои ќе се добиваат со користењето на овој енергент, во однос на затоплување со парно греење или со струја, ќе изнесуваат 20 отсто кај станарите во колективните станбени згради и 30 отсто во индивидуалните куќи, додека во однос на користење на дрва ќе бидат до 10 отсто. Ова го покажуваат резултатите од Студијата за исплатливоста на гасификација на сите населени места во земјава, нарачана од Министерството за транспорт и врски, а која ја изработува „Топлификација инженеринг“ од која делот за скопскиот регион е завршен и предаден на одобрување.

Гасификацијата на Скопје ќе чини повеќе од 100 милиони евраГасификацијата на скопскиот регион, кој вклучува 17 општини, ќе чини околу 100 милиони евра, а првите мрежи може да почнат да се прават на крајот на идната година.

Приклучоци на „синиот енергент“ може да се добијат во 2015 година, а целиот регион комплетно може да се гасифицира за четири години. Притоа, заштедите кои ќе се добиваат со користењето на овој енергент, во однос на затоплување со парно греење или со струја, ќе изнесуваат 20 отсто кај станарите во колективните станбени згради и 30 отсто во индивидуалните куќи, додека во однос на користење на дрва ќе бидат до 10 отсто. Ова, како што дознава „Дневник“, го покажуваат резултатите од Студијата за исплатливоста на гасификација на сите населени места во земјава, нарачана од Министерството за транспорт и врски, а која ја изработува „Топлификација инженеринг“ од која делот за скопскиот регион е завршен и предаден на одобрување.

Ако оваа постапка заврши до истекот на годината, тоа ќе значи дека веќе од јануари идната година градоначалниците на скопските општини ќе можат да почнат со постапките за распишување тендери за барање на концесионери, како самостојни инвеститори или по пат на јавно приватно партнерство. За останатите седум региони во земјава во тек е изработката на студиите. Се очекува за четири од нив резултатите да бидат добиени до средината на јануари, а за останатите три до средината на март идната година.

Групирање на општините

Студијата за скопскиот регион покажала дека најголема исплатливост од гасификацијата има кај 6 до 7 општини, но затоа се предлага, за да биде исплатлива во целиот регион, при доделување на концесиите да се оди на групирање по најмногу две општини, една со висок коефициент на исплатливост и една со низок, а што нема да влијае негативно на финансиските ефекти на идните оператори. Таа сугерира идните концесионери, односно оператори на системот во одделни општини, да субвенционираат дел од трошоците за поставување на приклучокот што инаку, според Законот за енергетиката, е обврска на корисникот. На овој начин, а со оглед дека граѓаните и фирмите во старт ќе имаат пониски трошоци за приклучок, ќе може да се отиде на интензивирање на гасификацијата, па главниот град и околината целосно да бидат гасифицирани до крајот на 2017 година. Субвенцијата од страна на операторот, корисниците ќе може да ја отплатат за две години, кога станува збор за колктивните, односно 3 години за индивидуалните станбени згради и тоа со заштедите кои ќе ги имаат во сметките во однос на сегашните. Инвестицијата, пак, на идните концесионери може да се исплати за 4 до 5 години. Таа, за целиот регион, во случај концесионерите да супституираат дел од трошоците за поставување на приклучоци, ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Kорист за сите

За сите објекти се предвидува да добиваат греење и топла вода, која ќе може да се примени и во поновите модели на машините за перење што се направени да може да користат прием на топла вода. Притоа, задолжително со поставувањето на приклучоците се предлага да се поставуваат и мерачи на радијаторите со кои корисниците ќе можат да одлучуваат колку, каде и кога ќе греат. Во новите згради инвеститорите ќе може да воведуваат и користење на гасот за готвење, иако, како што велат познавачите, европските директиви препорачуваат приемот на гасот да биде надвор од објектот, бидејќи на тој начин тој може да се користи и за ладење на објектите.

Од гасификацијата корист ќе имаат и државата и крајните корисници. Државата бидејќи ќе се прават заштеди во потрошувачката на струја и мазут кои се многу поскапи и имаат помала енергетска ефикасност од гасот, а ќе значи и дополнителни инвестиции и корисникот бидејќи ќе добие поевтин енергент.

Приспособени цени

Со воведување на гасот се претпоставува дека корисници на парното греење ќе останат оние објекти што се во близина на двете топлани, односно кои не се од нив оддалечени повеќе од 4 километри. Секако, БЕГ ќе мора, за да ги задржи и тие корисници да ги приспособи цените за да бидат конкурентни на гасот. А тоа, како што велат познавачите, може да се постигне само со работење на комбинираната гасна електрана „ТЕ-ТО“ која, освен што ќе произведува струја, топлината која со тоа се добива, може да ја користи и за ладење на објектите, но и за затоплување оранжерии и за производство на сушено овошје и зеленчук, со што целокупно нејзино производство ќе биде рентабилно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik